Преку текст објавен на анархистички сајт, грчки анархисти презедоа одговорност за запалените возила и банкомати во текот на ноќта меѓу 20 и 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина.

Во опширниот текст тие упатуваат критики и обвинувања до владата, велат дека со политиката што ја води сака да изгради свет заснован на „експлоатација, потчинување, страв, апатија“.

-Да застанеме пред нивните планови, секогаш фокусирани на револуционерниот случај, за еден свет без угнетувачи и угнетени, за општество на еднаквост, солидарност и правда, велат анархистите.

Паралелно, ја преземаат одговорноста, за пет напади во понеделникот и вторникот, во кои беа запалени автомобили пред претставништвото на „Мерцедес“, четири автомобили на компанијата за телекомуникации „ОТЕ“, еден камион на Министерството за животна средина на Грција, училишно комбе, како и два банкомати.