Во еден краток статус на Фејсбук на Методија Анѓелкоски е собрана историјата на шарена, протестна, северна… Македонија во последните неколку години.
Еве го статусот како што е објавен на Фејсбук страницата Зоон политикон:
Да резимираме:
– Украдените 5 милијарди – ги нема. Бројчанико стоо.
– За смртта на Тамара најголема одговорност сносат нејзините родители кои биле пребирливи за болница и им било убаво да живеат од донации.
– Смртта на Мартин Нешковски се обидел да ја сокрие Игор Спасов, фалсификувајќи белешка – но дефинитивно не го направила тоа Гордана Јанкуловска
– Смртта на Никола Младенов е сообраќајна несреќа
– Гипс-картонот е мермер кој ќе трае со векови и никој не најде криминал во Скопје 2014.
– Судството не е една судијка на која и дале Сваровски. Судството е пупка.
– Уставниот суд е на алатка СДСМ. Секогаш бил. Од моментот кога во вратија законот за трето трето дете во загрозените подрачја по наталитет, до денес е така.
– Мерцедесот е возило на државата, не на Грујо. И не, не е претворен во амбулантни возила.
– Купување гласови и изборни притисоци ЗА ЖАЛ се фолклор на сите партии, а не карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ.
– СЈО е збирштина на СДСМ-овци кои немаа правда како цел туку имаа политички прогон како алатка за постигнување политичка цел.
Во кратки црти – за тоа излегувавте на улица да протестирате. Што добивте?
Ново име. Изгубена национална свест. Двојазичност и функционална федерација. Влез во НАТО и можеби никогаш или подоцна влез во ЕУ. Радикално (+40 места) зголемена корупција. Хибриден режим…