Во четвртфиналето на Купот на Италија, Интер синоќа ја совлада Фиорентина со 2:1 и се избори за полуфинале со Наполи.
Миланскиот клуб до победата дојде со головите на Кандрева и Барела, додека за Фиорентина погоди Касерес.
Првиот натпревар од полуфиналната пресметка ќе се одржи на 12 февруари во Неапол, реваншот е 4 март во Милано.
Во другото полуфинале се среќаваат Милан и Јувентус.