Деветмина илегални рудари од Лесото се каменувани до смрт во западниот дел на Јоханесбург.
Полицијата во Јужна Африка покрена истрага за убијците на рударите, чии тела се пронајдени на улиците на Матолвил. Приведени се 87 лица.
– Ние го осудуваме овој варварски напад и го пребаруваме секој камен за да ги заштитиме жителите на Матолвил и Рудпурт, рече провинцискиот комесар Елиас Мавела, додавајќи дека полицијата се обидува да ги уапси виновниците што е можно поскоро.
Во Јужна Африка работат илјадници нелегални рудари, а често има судири меѓу ривалските групи.
Јужна Африка е земја со најголема стапка на насилство, во просец 68 убиства дневно, во текот на минатата година.