Кинеските здравствени власти ги издадоа најновите податоците за бројот на заразени и починати од коронавирусот од градот Вухан, од што се дознава дека во последните 24 часа се отгкриени 3.235 нови случаи, пишуваат француските медиуми.
Со нив вкупниот број на заразени веќе надмина 20.000 или заразени се точно 20.400 лица.
Потврдена е и смртта на уште 64 пациенти, кои го добиле вирусот и како резултат на тоа развиле болест. Сите се од најсилно зафатената провинција Хубеи, каде досега починале 414 лица.
Со тоа вкупниот број на починати во Кина се зголеми на речиси 425 лица.