Околу 64 отсто од Французите сметаат дека претседателот Емануел Макрон е „лош претседател“, покажуваат резултатите на анкетата на групата Одокс.
Анкетата, спроведена по повод 1.000 дена од доаѓањето на Макрон на функцијата, наведува дека 32 отсто од Французите сметаат дека Макрон е „многу лош претседател“, додека спротивното го мислат 36 отсто од испитаниците.
Од оние кои имаат лошо мислење за францускиот претседател, 62 отсто сметаат дека е „лош заради политиката што ја води“, додека 37 отсто оценуваат дека е лош заради „ставот, тонот и комуникацијата“.
Французите во голем дел, или цели 69 отсто, на Макрон посебно му забележуваат за неговата комуникација.
Француските медиуми, пак, пренесуваат дека на Макрон и натаму му се забележува дека ја носи етикетата „претседател богаташ“.