Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино, го отфрли предлогот на Барселона да го предводи тимот, пренесува „Ла Вангвардија“. Аргентинецот бил баран од шефовите на Каталонците веднаш по разрешувањето на Ернесто Валверде.
Претседателот Пеп Марија Бартомеу, заедно со шефовите Ерик Абидал и Рамон Планес, оствариле средба со Почетино, на кого му било понудено испразнетото место. Стратегот не рекол „не“, но не бил особено импресиониран од она што било предложено.
Недостигот на специфичен одговор од Аргентинецот ги натерало газдите на Барса да го направат нивниот втор избор за нов тренер, имено Кике Сетиен.
Почетино не одржал повеќе разговори со Бартомеу. Во минатото, тој велеш дека ќе му биде тешко да ја води Барселона, со оглед на неговите длабоки врски со локалниот ривал Еспањол, каде што помина голем дел од својата кариера како фудбалер.