За време на преговорите во Анкара меѓу Руската Федерација и Турција, двете страни разговараа за ситуацијата во сириската провинција Идлиб и за преземените чекори за унапредување на политичкиот процес во Сирија, изјави претставник на турското Министерство за надворешни работи.
„Анкара беше домаќин на тричасовни разговори помеѓу делегации предводени од замениците министри за надворешни работи на Турција и Русија, Седат Онал и Сергеј Вершинин, со учество на специјалниот претставник на рускиот претседател за Сирија – Александар Лаврентиев. Во делегациите беа вклучени и претставници министерствата за надворешни работи, како и од воените и разузнавачките агенции на двете држави. На средбите се разговараше за ситуацијата во сириската провинција Идлиб, како и за следните чекори во политичкиот процес во Сирија. Одлучено е да продолжат преговорите следната недела“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи, пренесува БГНЕС.