Во февруари 1930 година, Адолф Хитлер беше добро расположен и напиша: „Имавме најголем успех во Тирингија. Таму сме најуспешна партија. Партиите во Тирингија се обидуваат да формираат влада, која не може да обезбеди мнозинство без наша соработка.“

Германија, како што објави Би-Би-Си, можеби се обврза „никогаш повеќе“. Но 90 години подоцна, крајната десница, одигра, макар и за кратко, клучна улога во источна Германија.

АФД на Тирингија – предводена од човек кој може, како што германски суд пресуди минатата година, разумно да се опише како фашист – предизвика политички земјотрес и изведе илјадници луѓе на протести на улиците на Германија.

До пред неколку дена, многу од тие демонстранти никогаш не слушнале за Томас Кемерих.

Регионалниот политичар, барем на 24 часа, беше неочекувано издигнат во улогата на државен премиер благодарение на регионалните политичари на АФД, кои го игнорираа нивниот кандидат со цел да го соборат постојниот премиер Бодо Рамелоу, кој по неубедливите избори минатата година, се очекуваше да продолжи како водач на ново испреговараната левичарска коалиција.

По бесот на целата земја, Кемерих се повлече. Но, не пред партијата Слободен демократ да ја симболизира ранливоста на, како што Германците, го нарекуваат Брандмауер – заштитен ѕид, кој, со повеќедецениска политичка конвенција, требаше да ја задржи екстремната десница од вршење вистинско влијание врз германската политика.

За многумина е знак на национален срам тоа што АфД наиде на плоден изборен терен на поранешниот исток на земјата. Тоа е една од причините за неубедливиот изборен резултат во Тирингија.

На национално ниво, присуството на партијата во Бундестагот ги задуши парламентарните дебати, а веројатно кампањите фокусирани на миграцијата и националниот идентитет ги разбија старите германски табуа и ја префрлија политиката кон десно, додека политичкиот центар се обидуваше да се справи со изборниот предизвик.

Но тоа што се случи во Тирингија создаде посебен трепет по ‘рбетот на земјата.

Кемерих, од либералната и деловно ориентална Партија Слободен демократ (ФДП), можеби се спротивстави на АФД, но сепак ја прифати работата изгласана од мнозинството.

На федералното ниво, шефот на ФДП, Кристијан Линднер прво, се чини, го прифати резултатот и покрај престрашениот одговор на високите членови од неговата партија.

Обвинет за барање моќ по секоја цена, Линднер беше потсетен на неговото заминување во 2017 од коалициските преговори со Ангела Меркел на федерално ниво каде што изјави; „Подобро е да не се управува отколку да се управува лошо.“

И аферата поттикна непријатни сомневања во ЦДУ на Меркел.

Канцеларката Меркел, која она што се случи го опиша случувањата како „непростливо“, остро ги искара политичарите од нејзината партија. Тие исто така гласаа за Кемерих, поведувајќи обвиненија дека, барем локалното ЦДУ, било подготвено да го прекрши ветувањето дека никогаш нема да коалицираат со крајната десница.

Шефицата на ЦДУ, Ангрет Крамп-Каренбауер, со нејзините коалициски партнери дискутира овој викенд. Нејзините постојани социјалдемократски партнери без сомнение сакаат гаранција дека ЦДУ нема да соработува со АФД на кое било ниво и дека таа и нејзината партија ќе можат да ги контролираат регионалните политичари.

Самата Каренбауер е под притисок. Со забрана на лидерот на ЦДУ на Тирингија да бара коалиција на локално ниво со левицата, многумина не се изненадени што партијата се усогласила свесно или на друг начин со АФД. Германската Влада е исто така свесна за промената на политичкиот пејзаж и улогата што АФД ја игра.

Во Тирингија се очекуваат нови избори. Иако за многумина случајот поттикна болни паралели.

Поранешниот премиер на Белгија, Ги Верхофштат, беше меѓу оние што изразија протест на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија на новоизбраниот премиер Кемерих, кој се ракува со десничарскиот водач на АФД во Тирингија, Бјорн Хоке, заедно со фотографија од Хитлер, кој се поздравува со тогашниот германски претседател Паул фон Хинденбург.

Пред само една недела, земјата се потсети на злосторствата од Втората светска војна, за време на комеморациите за одбележување на годишнината од ослободувањето од нацистичкиот логор на смртта во Аушвиц.

Тоа што екстремната десница успеа да има толкаво влијание што главната политичка партија ја прифати нејзината поддршка, свесно или на друг начин, и тоа што ЦДУ на Меркел, се чини, договори соработка со нив, за многумина претставува извор на голем срам.