Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер зборуваше за ситуацијата со неговиот договор. Сегашниот договор важи до летото 2021 година.
Претходно беше објавено дека Ноер не е задоволен од трансферот на Александар Нјубел од Шалке.
– Имам доволно време да разговарам со раководството. Нема сигнали досега, ништо што не можеме да објавиме. Фокусирани сме на освојување титули со Баерн. Ова е нашата цел. Не ги ставаме личните проблеми на прв план, изјави Ноер.
Германскиот репрезентативен чувар на мрежата во Баерн е уште од летото 2011 година. Оваа сезона, 33-годишниот Ноер има 26 настапи.