Еден од тројца американски работници останува без пари пред да добие плата, дури и оние кои заработуваат повеќе од 100.000 долари, објави Би-Би-Си.
Околу една третина од Американците редовно се соочуваат со финансиски стрес, така што 32 проценти ги потрошуваат парите пред следната плата, наведено е во најновото истражување за платите меѓу 2.700 американски возрасни лица кои работат во компании со повеќе од 500 вработени.
– Спротивно на општото сфаќање, тоа не е проблем само на луѓето кои се на долниот праг на приходите, вели Данк Маклин, главен извршен директор за САД на Salary Finance’s.
Околу 31 процент од анкетираните, кои заработуваат повеќе од 100.000 долари, исто така се соочуваат со недостиг на пари пред плата.
За многумина, зголемувањето на трошоците за живот, вклучително и храна, домување, образование и медицински трошоци ја создаваат оваа состојба. Во текот на изминатата година, основната потрошувачка е зголемена за 2,3 отсто, според индексот на цени за потрошувачка на Бирото за статистика на трудот.
Цената на медицинската нега се зголеми за 4,6 отсто во 2019 година, најголем пораст од 2007 година. Домувањето исто така скокна за 3,2 отсто минатата година, додека трошоците за образование се зголемија за 2,1 отсто, а цените на храната за околу 1,8 отсто.
Во однос на финансискиот стрес што го доживуваат 42 отсто од Американците, Маклин вели дека тоа е „крајно вознемирувачко“.
– Тоа е затоа што финансискиот стрес може да има трајни ефекти врз вашето ментално и физичко здравје, вели тој.