Природна шминка со нагласени усни!
Холивудските актерки оваа година се одлучија за поприродна шминка на црвениот килим на доделувањето на оскарите. Годинешниот мејкап тренд што преовладуваше на доделувањето на наградите, се отсликуваше преку нагласени усни и лесна, природна основа на шминката. Можеше да се забележи мејкап трендот, каде лицата им беа врамени со природни контури, бронзер и руменило. Номинираните Margot Robbie, Lucy Boynton и манекенката Lily Aldridge ги нагласија усните со црвен кармин. На очите преовладуваа претежно земјени тонови.
Lucy Boynton
Caitríona Balfe
Lily Aldridge
Natalie Portman
Scarlett Johansson
Salma Hayek
Gal Gadot
Margot Robbie
Zazie Beetz
Saoirse Ronan