Компјутерскиот инженер што ги измисли функциите „исечи“, „копирај“ и „залепи“ (‘cut’, ‘copy’, ‘paste’), почина на 74 години.
Лери Теслер, пионерот на компјутерските вештини од Бронкс (Њујорк), студирал компјутерски науки на Стенфорд универзитетот во Калифорнија, со фокус на односот човек – компјутер. Неговите иновации ги користат во Амазон, Епл, Јаху и секако – Ксерокс истражувачкиот центар во Пало Алто (ПАРЦ), каде што работи речиси 50 години.
Како што објави ПАРЦ, Теслер починал вчера, а 19 февруари, а сите што секојдневно ги употребуваат функциите „Ctrl-x“, „Ctrl+c“ и „Ctrl+v“, треба да му се заблагодарат нему, пред сè.