Како последица од експлозија на плинска боца во кумановско Романовце четворица повредени на возраст од 30 до 54 години завршија на скопските клиники, објави Сител во врска со трагедијата воРомановце во која загинаа три деца.
Двајца од нив кои се со изгореници од 3 и 4 степен се борат за живот на КАРИЛ.
Според лекарите тие се во критична живото загрозувачка состојба.
Другите двајца повредени се хоспитализирани на Клиниката за пластична хирургија.
Во трагедијата во Романовце на лице место загинаа три лица.