Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини, зборуваше за деталите за договорот со напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.
– Со Ибрахимовиќ имаме шестмесечен договор со автоматско обновување во случај да влеземе во Лигата на шампионите. Ако не го сториме, сосема е природно дека ќе седнеме на масата за нови преговори. Со Златан секогаш ви треба лична дискусија, во која треба да има отворен дијалог. Отсекогаш било вака, во спротивно тој не би дошол кај нас, изјави Малдини.
Оваа сезона, 38-годишниот Швеѓанец има одиграно седум натпревари во Серија А, во кои постигна два гола и оствари една асистенција.