РК Вардар сосопштение се јави по забраната на јавни собири донесена од Владата, што вклучува и играње на спортските натпревари пред празни трибини. РК Вардар соопштува дека саботниот меч со Монпеље, поради купените билети и поради краткото време, сепак ќе го игра со присуство на публика:
„Ги известуваме сите што купиле билети за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански”, дека мечот ЌЕ СЕ ИГРА СО ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА.
Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје.
Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот.
Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”, а пренос ќе има и на МТВ 1.
Безбедноста на натпреварот ќе биде во координација со други наделжни ннституции.“