Вие го имате човекот кој што ја отвори вратата амнестиран. Зошто? Затоа што му требал на господинот Зоран Заев. Е тоа е проблем тоа е за мене суштински проблем. И сега се прашуваме зошто е тоа така и зошто судството не ни е функционално и зошто сме 106-ти на скалата за перцепција на корупција и имаме хибриден режим и зошто луѓето си одат кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на дуелот на телевизија Канал 5 со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Според Христијан Мицкоски тој што ја отвори вратата на 27 април е амнестиран затоа што му требале гласови на Заев. – Тој што ја отвори вратата е невин а останатите се виновни. Зошто? Затоа што му треба на господинот Заев .

Вие се помиривте со тој што ја отвори вратата затоа што ви требаше, затоа што човекот го уценивте го држевте заробеник дома а потоа го уценувавте за да го ослободите за да дојде во парламентот во 8,9 навечер да гласа . И овие процеси господнине Заев еден ден ќе имаат завршница, ќе имаат завршница потенцираше Мицкоски.