Предмалку господине Заев кажавте една невистина каде што рековте дека родителот на Маричиќ е пензиониран обвинител, а не е. Проверивме на паузата и треба да им се извините на гледачите. Затоа сме таму каде што сме, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот со Зоран Заев на Канал 5 телевизија.

Имено, претходно во дуелот кога Мицкоски го запраша Заев дали на нелогичниот марш за правда кој го организираше СДСМ протестираа против таткото на Бојан Маричиќ кој е актуелен виш јавен обвинител, на што Заев изјави дека таткото на неговиот советник е пензионер.

„Против кого протестиравте? Против таткото на Бојан Маричиќ, против сопругата на Бојан Маричиќ? Вашиот советник што е шеф на Кабинет на министерката? Против кого протестиравте Вие? Виш Јавен обвинител е таткото на Вашиот советник, порано бил дел од Републичкиот совет на обвинители, во времето на вие што велите „режимот“ оние 11 години“, потенцираше Мицкоски.

Иако, Заев рече дека таткото на Маричиќ е пензионер, сепак на паузата беше проверено и се испостави дека тој е актуелен обвинител во обвинителството во Македонија