Македонскиот каратист Емил Павлов го освои златниот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салцбург во категоријата до 60 килограми.
Павлов откако ги мина сите пречки до финалето, денеска во финалната борба го совлада Анџело Кресченцо од Италија со 5:4.
Ова е прв медал на нашиот најдобар каратист во Премиер лигата оваа година. Тој претходно настапи и во Дубаи, но го пропушти турнирот во Париз поради повреда.
Павлов лани златен медал во Премиер лигата освои на турнирот во Москва.