ГАТУЗО НА СВОЈА СМЕТКА: Мојот тим во нападот е убав како Бред Пит, а во одбраната грд како мене

/ 01.03.2020

Џенаро Гатузо повторно даде изјава која стана хит на социјалните мрежи. Наполи успеа да слави со 2-0 против Торино, а поранешниот фудбалер на Милан беше задоволен по мечот.

Гатузо кажа дека се подобруваат на теренот, па во иднина очекува многу подобри резултати.

– Се подобруваме и мора вака да продолжиме. Ми се допадна тоа како изгледаше тиммот. Понекогаш постојат проблеми, па мора да бидеме фокусирани. Подготвен сум да заминам на врв на планина за своите играчи. Мора да тренираат како што ќе кажам. Исто така, во нападот сме убави како Бред Пит, а грди во одбраната како мене, рече Гатузо.


Од истата категорија