Арсенал го совлада Портсмут со 2:0 како гостин на „Фраттон Парк“ и се квалификуваше во четвртфиналето на Купот на фудбалската асоцијација.
Сократис Папастатопулос им донесе предност на „топџиите“ во дополнителното време во првото полувреме, а 20-годишниот Еди Нктиа го оформи конечниот резултат во 51. минута.
За време на натпреварот беше повреден играчот од средниот ред на „топџиите“, Лукас Тореира. Тоа се случи по судирот со дефанзивецот на Портсмут, Џејмс Болтон. Судијата Мајк Дин сепак не виде прекршок во ситуацијата. Тореира беше изведена на носилки и беше заменет со Дани Себаљос.
Така, Арсенал влезе во четвртфиналето на турнирот, а Портсмут го заврши своето учество. Лондонскиот клуб е рекордер по бројот на трофеи во ФА Купот, откако има 13 во своите витрини.