Уште тројца тестирани – сите негативни на Ковид 19

/ 03.03.2020

Министерството за здравство информира дека во текот на денешниот ден, по одржувањето на последната конференција за медиуми, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје на коронавирус се тестирани тројца патници.

Резултатите на тројцата патници се негативни на коронавирусот. Станува збор за македонски државјани од кои двајца допатувани од Италија и еден од Шпанија.

Филипче информираше дека сите припадници на Министерството за внатрешни работи и царинската служба одлично се справуваат со ситуацијата и целосно се почитува утврдениот алгоритам за контрола на патниците.

Премиерот Спасовски и министерот Филипче упатија апел до сите оние кои патуваат или ќе допатуваат во нашата земја, точно да одговараат на прашалникот, бидејќи на тој начин го штитат сопственото и колективното здравје на граѓаните.


Од истата категорија