Во регионот на Еврос, во изминатите 24 часа, односно од шест часот наутро во средата, до шест часот утрово, биле спречени 6.955 обиди за нелегален влез во Грција, а биле уапсени 24 лица, меѓу кои најголемиот дел се од Авганистан и Пакистан, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, во изминатите пет дена, од саботата наутро, заклучно со утрово, бил спречен нелегален влез во земјата во 34.778 случаи, а уапсени се вкупно 244 лица.