Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16:15 часот го лишиле од слобода Ф.Х.(41) од Скопје поради тоа што физички нападнал и со нож се обидел да повреди полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Ф.Х. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.