Македонија против Франција во баражот за СП во ракомет 2021 година

/ 09.03.2020

Среќата не им беше наклонета на македонските ракометари на денешната ждрепка за баражот за СП 2021, во кој „црвено-жолтите“ за ривал го добија повеќекратниот европски и светски првак Франција.

Македонија се најде во групата на неносители, очекувано беше да се добие незгоден ривал, но во таборот на нашиот национален тим владееше надеж дека ќе налетаме на Чешка, Австрија или Исланд, како ривали со кои можеме да се надигруваме и да ги совладаме.

Првите натпревари ќе се играат во периодот 5-7 јуни, а реваншите се закажани за седум дена подоцна.


Од истата категорија