Тим Џуда е странска варијанта на македонски комуњарски новинар. Настрана тоа, еве што тој напиша како импресија од последните политички случувања во Македонија и на Балканот, а во контекст на разговорите за договор меѓу Србија и Косово:
„Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија штотутку упати вознемирувачки апел да не се менува границата меѓу Косово и Србија – тврдејќи дека прелевањето на таа ситуација во Македонија и БиХ не ќе може да се избегне. Тој не криеше колку е загрижен“.
Кога сме кај ова, Денешен би додал дека има една стара македонска: „На будалиот отпосле му текнува“. Момче, на тоа требаше да мислиш кога се потпишуваа договорите со кои Македонците беа избришани како народ кој историски постои.
Цветина Чилиманов, оваа објава на Џуда ја прокоментира со објавата:
„Стево им цвикал на министрите дојдени во Скопје дека сме готови, пропаднавме, ќе се федерализираме, ако дојде до размена на територии меѓу Србија и Косово. Опис на сцената од новинарот на БИРН – Пендаровски не криеше колку е загрижен.
Чекај бе, нели НАТО ни гарантира безбедност? Нели НАТО ќе не чува од федерализацијата, која и онака е само во главите на вмровците? Од кај сега оваа па ова?“
Некој, под неговата објава додал:
„Претседател на независна држава, моли границите на други држави да не се менуваат, иако слободната волја на тие држави е да се направи тоа…?“