Натпреварот од 28. коло од Премиер лигата меѓу Манчестер сити и Арсенал, кој требаше да се игра вечер е одложен поради претпазливост. Клубовите решија да го одложат мечот, откако дознаа дека сопственикот на Нотингем Форест и Олимпијакос Евангелос Маринакис е заразен со коронавирус.
Пред 13 дена Олимпијакос играше со Арсенал на „Емирати“ во рамките на Лига Европа. Тогаш Маринакис се сретна со некои играчи и персоналот на лондонскиот клуб.
По лекарските препораки, Арсенал и Манчестер сити решија натпреварот да се одложи за целосно да се процени состојбата и да се отстранат ризиците.
Премиерлигата се согласи средбата да се префрли на друг датум.
Во изјавата на лигата исто така се забележува дека не е планирано промена на термините на други натпревари.