Претседателите Фон дер Лајен и Мишел изразија несогласување со одлуката на американската администрација да ги забрани летовите кон и од земјите на ЕУ во наредните триесет дена поради коронавирусот.
-Коронавирусот е глобална криза, не е лимитиран на еден континент и бара соработка наместо еднострано делување. ЕУ не се согласува со фактот што САД одлучи да забрани патувања еднострано и без консултации, кусо соопштија кабинетите на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.