Шпанскиот фудбалски тренер Франсиско Гарсија почина од коронавирус на 21 годишна возраст.
Франциско Гарсија, кој раководеше со јуниорскиот тим на клубот Атлетико Портада Алта, со седиште во Малага, бил пренесен во болница со сериозни симптоми на вирусот.
Тој спаѓал во ризичната група бидејќи имал леукемија.
„Почина околу 20. часот во болницата Регионал во Малага, бргу откако разговараше со родителите. Неговата состојба според последните информации беше стабилна“, открил претседателот на клубот, Хосе Буено.
Момчето пред неколку дена било позитивно на тестот за коронавирус и веднаш бил ставен во ризичната група бидејќи имунитетот му бил ослабнат поради злокобната болест која неодамна му била дијагностицирана.