Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција изјави дека владата одлучила да се затворат сите гранични премини во Македонија за премин на странски државјани, освен за влез и транзит на товарни возила, дипломатскиот кор како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од главниот координатен штаб.

Филипче рече дека овие лица ќе влезат по посебни услови за заштита. Тој додаде дека се затвора и меѓународниот аеродром во Скопје, освен за државни и воено, карго медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување на оваа одлука.