Индија спроведе смртни казни со бесење за четворица мажи, осудени за силување и убиство на млада жена во автобус во Њу Делхи во 2012 година.

Осудениците се егзекутирани рано изутрина, во затворот Тихар во Њу Делхи.

Стотици полицајци беа распоредени пред затворот за да ги држат под контрола луѓето кои дојдоа да го прослават спроведувањето на смртните казни. Дел од насобраните носеа транспаренти на кои пишување „Правда за жените“ и „Обесете ги виновниците“.

Групата мажи ја силувале 23-годишната студентка, по што ја претепале и исфрлиле од автобусот. Таа во болница им подлегна на повредите.