Во Романија предложена даночна амнестија за државни и приватни фирми

/ 24.07.2018

Романскиот министер за финансии, Еуџен Теодорович, предложи даночна амнестија за приватните и државните претпријатија, објави весникот „Романија Либера”.

– Даночната амнестија има улога да ги избрише историските обврски на државните компании, за да станат повторно атрактивни на пазарот, изјави синоќа Теодорович за телевизија Антена 3.

Според него, тоа треба да биде направено, „за да може компаниите да имаат иднина“.

Министерот прецизира дека државата има согласност од Меѓународниот монетарен фонд и од  Европската комисија да го примени тој механизам, како и дека потоа ќе следи реструктуирање на тие компании по модели од приватниот сектор.

За приватните компании и физички лицата со обврски со камати и казни, министерот рече дека треба да се воспостави механизам налик на тој за државните фирми. Тој додаде дека механизмот за даночна амнестија воведен во 2015 година проработел и донел повеќе средства во државниот буџет.


Од истата категорија