Продажбата на ракавици за домаќинство, брашно и тестенини во Франција се зголеми повеќекратно минатата недела, покажува истражувањето на агенцијата Нилсен, јави дописникот на МИА.

Тоа  е ситуација што  никогаш порано не беше видено. Неделата пред одлуката за забрана за излегување надвор заради епидемијата на коронавирус, Французите буквално брзаа да купат производи за нивните основни потреби како тестенини и брашно, како и на одредени производи за хигиена, како што се раквици или тоалетна хартија.

Панична набавка беше забележана во многу супермаркети во земјата, особено по говорите на Емануел Макрон и Едуард Филип, најавувајќи ги соодветно затворањето на училиштата, потоа баровите, рестораните и несуштинските дуќани.

Според студијата на Нилсен, во текот на неделата од 9 до 15 март 2020 година, продажбата на мало скокнала вкупно за 38 отсто во однос на истата недела во 2019 година.

„Зголемување што досега не е видено“, покажа истражувањето.

„Во текот на оваа атипична недела, прометот надминува 2,7 милијарди евра, додека во просек неделниот промет во земјата е околу две милијарди евра“, забележуваат од Нилсен.

За време на оваа недела беа регистрирани два продажни пикови: во петокот на 13 март (+ 84 отсто). Тоа беше денот по говорот на претседателот Емануел Макрон, во кој се најавуваше затворање на училиштата.

Потрошувачите побрзаа во супермаркетите уште од самиот почеток. Продажбата тогаш скокна, со шест или седум пати повеќе продадени производи во споредба со вообичаениот петок“, се наведува во истражувањето објавено на 17 март.

Истиот феномен беше забележан еден ден откако премиерот Едуард Филип објави за затворањето на ресторани, барови и продавници што се сметаат за несуштински. Оваа недела, 15 март, повторно експлодираше продажбата во супермаркетитеи тоа за 108 отсто нагоре.

Во понеделник на 16 март, пред најавите од претседателот на Републиката, забележавме редови пред супермаркетите, преполни сцени во одредени продавници за храна и празни полици … Ситуација која започна да се нормализира веќе во средата и четвртокот, кога редиците започнаа да се намалуваат пред продавниците.