Анализа на Курир за УДБАШИТЕ од власта и нивната цензура

/ 22.03.2020

Во време кога Македонија и светот се соочуват со најголемиот предизвик и битката со кронавирусот, Владата на СДСМ се занимава со приземни, дневно-политички игри и класична цензура на неподобните медиуми.

Вчерашната одлука на Владата со која на новите он-лајн прес коференции со видео врска, мерка за заштита од Ковид-19, можат да присуствуваат само одбрани медиуми, претставува класична цензура на најчитаните интернет медиуми, очигледно неподобни за некого.

Имено, власта си дозволи непринципиелно да одбере кои медиуми ќе можат да поставуваат прашања на нивните прес-конференции. Според налогот на гарнитурата на СДСМ од Илинденска бр.2, срочен во објава со правила за пријавување, да прашуваат и присуствуваат на излагањата на министрите и претставниците на владата ќе можат само он-лајн медиумите од т.н. „Регистри“ на ЗНМ и Советот за етика?!

Затоа ли и неодамна се создадоа овие нелогични „Регистри“, својствени за едни темни времиња од минатиот век?

И ги молиме да не се вадат на примери со Австрија и други земји. Таму логичната одлука на властите е прес-конференциите да ги следат само државните медиуми. Во Македонија, пак, некој во улога на модерен цензор си дозволи да направи личен избор по сопствен афинитет на приватните медиуми кои ќе имаат „дозвола“ да ја следат, и поважно – да ја прашуваат владата?!

Прашањето кое логично се поставува  е како може две невладини организации во 21-от век да прават регистри на подобни и неподобни медиуми и самите да си решаваат кој како работи? Уште понесфатливо е као може Владата тоа да го прифати, имајќи го предвид фактот што новинарите на Курир и на десетици други он-ланјн медиуми се со години, па и сега, целосно акредитирани во истата таа влада за присуство на секојдневните прес-конференции.

По новите правила, измислени од актуелната гарнитура, кој не е во регистарот на подобните медиуми, не ќе може да постави прашање до владата.

Сака ли владата, со еден ваков цензорски пристап да се заштити себеси од незгодните прашања, кои се и вистинската работа на власта? Дали ова е „превентива“ на власта за да си обезбеди дополнителна комоција? Па нели медиумите требаше да  бидат коректор на Владата?

Со овој непринципиелен и цензорски пристап, власта си овозможува едноумие и се штити од можноста некој да поставува „незгодни“ прашања. Најдобар и најнов прмер е прашањето за респираторите кое доведе до поништување на бизнис-тендерот на Владата, која под притисок на медиумите и јавноста сфати дека е фатена со рацете во медот.

Во време кога медиумите играат огромна улога во битката со коронавирусот, кога граѓаните прво што прават кога ќе станат е да се информираат за новите случаи, мерки и најваѓно превенцијата на овој вирус, Владата се дрзнува да цензурира медиуми?

Новинарите на Курир, како и на повеќе други он-лајн медиуми се членови на МАН (Македонска асоцијација на новинари) и поради тоа не се дел од „регистарот“ на ЗНМ. ЗНМ е поврзан со т.н Совет за етика, кој исто така не ги става Курир и останатите опозициски медиуми во регистарот (Република, Инфомакс, Лидер, Денешен, Вистина, Нетпрес, Вечер,) медиуми кои дневно имаат стотици илјади посети.  Вистината е дека во ТОП 10, 6 до 7 позиции држат „нподобните“ за СДСМ медиуми. Дали ова е вистинскиот проблем на Владата и нејзините цензори?

Дали власта, од друга страна, ги принудува новинарите и медиумите да се зачленуваат во одредни организации и зошто власта внесува поделби ценејќи и промовирајќи една, а цензурирајќи друга новинасрска ацсоцијација? По кој репер го прават тоа, што е одлучувачкиот фактор на СДСМ за подобност на медиум или организација?  Па нели зборуваме за демократија и слобода на избор? Сето ова се случуваво 2020-та година, во пердиод  повеќе од есенцијален за граѓаните.

Сепак, во ситуација на светсак пандемија и поведени од заедничкиот интерес и од основната премиса и цел на медиумот – информирање на граѓаните со најновите вести од заемајат и светот, на страна што главен услов за апликација на он-лајн медиумите за можност за прашања на владините прес-конференции е „припадноста“ и присуството во наведените провладини регистри и не навлегувајќи подлабоко во природата на наведените организации, Курир и покрај сето тоа и поставените непримерни ограничувања, ќе аплицира за следење на истите.

Секако, во случај на одбивање на акредитацијата, чин кој не го посакуваме, за класичната цензура и дискриминација на Владата ќе ги известиме сите светски новинарски организации и асоцијации, како и меѓународниот фактор.

Се надеваме, дека во овие времиња кога секој треба да го даде својот максимален придонес во суштествената битка со коронавирусот, здравиот разум и заедничкиот интерес за Македонија и граѓаните ќе надвладее над дневно-политичките игри и Владата ќе ги прифати апликациите на он-лајн медиумите кои не се подобни за нив.

Остануваме во очекување дека здравиот разум ќе победи и дека ќе ни дозволите да ги информираме граѓаните за сите активности и поединости во борбата со коронавирусот, а со тоа и со вашите мерки, но и да ни ја укажете „честа“ да ве прашаме за вашата работа во битката со светската пандемија.

 


Од истата категорија