Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД апелираат до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да бидат одложени Олимписките игри во Токио во врска со пандемијата на коронавирус.
– Благодарни сме на 1780 спортисти на американската репрезентација што го споделија својот глас со нас и придонесовме во решавањето на проблемите поврзани со коронавирусот и Олимпијадата. Нашиот најважен заклучок од реакцијата на спортистите е дека дури и ако сегашните значајни здравствени проблеми можат да се решат до крајот на летото, сите потребни активности за тренинзи, контролата на допинг и квалификациите не можат да се надминат на задоволителен начин. Во овој поглед, сега е јасно дека опцијата за одложување е неопходна и ние го повикуваме ИОК да го стори тоа со цел да обезбеди безбедност на Игрите за сите учесници, се вели во соопштението.
Претходно, одложување на ЛОИ 2020 побараа Австралија, Канада и Нов Зеланд.
Олимписките игри во Токио се закажани за периодот од 24 јули до 9 август.