Побарувачката за марихуана во САД расте. Причината за тоа е што луѓето се принудени да останат дома поради корона-пандемијата.
Така, според извештајот од минатата недела, во Калифорнија и во Вашингтон, продажбата на марихуана е зголемена за повеќе од 50 отсто, што причини и пораст во акциите на поголемите компании за канабис во САД.
Сепак, според американските медиуми, во сојузните држави Калифорнија и Њујорк, продавниците за канабис се затворени, како и секое друго трговско претпријатие. Постојат и најави за затворање на продавниците во други држави каде марихуаната е легализирана.
2020-03-