Во актуелната состојба во Албанија и низ целиот свет поради пандемијата со Ковид19, довербата во Бога е најсилниот столб на кој може да се потпре човекот.

Ова е заедничка порака на претставниците на четирите верски заедници во Албанија за подигнување на свеста за состојбата создадена како последица на коронавирусот и преземените мерки за да се спречи нејзиното ширење.

Баба Едмонд Брахамај,од бектешката, отец Или Дочи,од православната, имамот Газменд Ага,од муслманската и Ѓерѓ Мета,од католичната верска заеднца, преку заедничка видео-порака, апелираа до граѓаните да ги почитуваат преземените мерки и да останат дома.

„Да се сакаме еден со друг, како себе си“ е дел од пораката што подразбира дека останувањето дома и грижата за хигиената е на некој начин е љубов кон другите, бидејќи го спречува ширењето на „Ковид-19“.

Додаваат дека Бог е со Албанците и посочуваат дека се молат за сите оние што се во првите редови на борбата против пандемијата, но и за сите граѓани.

„Поздрав браќа и сестри, драги деца, млади , Албанци каде и да сте, вие не сте сами. Бог е со вас! Нашите срца се со вас! Вашите сакани се со вас, се молиме за вашето здравје, за болните и повредените, за медицинскиот персонал. Останете дома и заштитете го вашето здравје. Не заборавајте ги постарите и сиромашните. Ние сме Албанци и се сакаме, се поддржуваме едни со други,стои меѓу другото во пораката.

Се апелира да се шири љубов,почит и надеж.

„Ајде да шириме љубов, почит и надеж. Да ги отвориме нашите срца едни кон други, да се свртиме кон Бога. Да се сакаме едни со други како самите себе си. Божјата милост, помош и грижа, љубов и мир нека бидат над вас, завршува пораката која заедно ја прочитаа претставниците на четирите верски заедници во Албанија.