Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 860.184 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 42.344, а оздравеле 178,442 луѓе.
– Во Словачка пријавен е првиот смртен случај од последици од новиот коронавирус. Во земјата досега се регистирани 363 инфицирани пациенти.
– И во Оман е регистриран првиот смртен случај од последици од Ковид-19, каде има 192 заразени лица.
– Во Австрија и понатаму расте бројот на инфицирани лица со Ковид-19 и се искачи на 10.185 луѓе, од кои 133 починале.
– Во Канада во последните 24 часа зголемен е бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус за 1.111 со што вкупниот број изнесува 8.548, од кои 96 починале. Поради пандемијата во најголемиот канадски град – Торонто откажани се сите јавни настани до 30 јуни.
– Бројот на потврдени случаи во Германија изнесува 67.366, од кои 732 луѓе починале од последици од новиот коронавирус.
– Во Индија инфицирани се 1.397 луѓе со Ковид-19 од кои 35 починале, а 124 оздравеле. Индискиот премиер Нарендра Моди апелираше до локалните власти да обезбедат строго почитување на карантинот.
– Во Јужна Кореја во последните 24 часа потврдени се 101 случај, со што бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус се искачи на 9.887, додека вкупно починале 165 луѓе, а оздравеле 5.567 лица.
– Во Бугарија вкупниот број на заразени луѓе со Ковид-19 изнсеува 412. Во Русе е регистриран првиот случај кај маж кој се вратил од Австрија.
– Во Босна и Херцеговина забележани се четири нови пациенти со што бројот на инфицирани луѓе се искачи на 424, од кои 17 оздравеле, а 13 починале.
– Во Унгарија вкупно заразени со новиот коронавирус се 525 луѓе, од кои 20 починале, а 40 оздравеле, додека 61 човек се во карантин.
– Во Црна Гора во последните 24 часа регистирани се 11 новозаболени од новиот коронавирус, со што бројот на инфицирани се искаќи на 120.