Свесни сме за тежината на актуелната ситуација, поврзана со светската пандемија на корона вирусот, која зема замав и за жал , исклучок не беше и еден наш колега, Гоце Михајлоски, се вели во соопштенеито ан Канал 5. Во него, натаму се стакнува:.
Како професионална и одговорна компанија, која сигурно ќе го надмине и овој сериозен предизвик, потенцираме дека и ние самите сме изненадени од ваквиот развој на настаните, поради фактот што првиот тест кој го изврши колегата Михајлоски беше негативен.
Сакаме да ја информираме јавноста за следново:
Викендот на 28 и 29 март оваа година, колегата Михајлоски бил во посета на своте родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30 март, продолжува со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми.
Потенцираме дека подолг период веќе имаме воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на нашите вработени, во смисол: задолжително мерење на телесна температура при влез во компанијата, обезбедивме дезинфекциони пунктови на 5 локации, на секој кат, дополнително и во информативната редакција, задолжително работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, а за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири , за дополнитена заштита
Во четвртокот и петокот, во емисијата САМО ИНТЕРВЈУ, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што беа запазени сите протоколи.
Првите симптоми кај колегата Михајлоски се појавиле во ден недела, 5 април, кои биле во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17.00 часот го напуштил работното место.
Од понеделник, 6 април, на барање на компанијата, колегата е во самоизолација а во меѓувреме тој забележува температура повисока од 38 степени, и бара од својот матичен лекар да добие упат за тестирање , но поради електронската анкета, нема доволни симптоми за да биде упатен на тестирање.
На 7 април, во утринските часови, поради зголемената температура прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е НЕГАТИВЕН на корона вирусот.
Во четврток, 09.04.2020 колегата Михајлоски заминува во Воена болница, каде е примен, а утринава не информираше дека сепак е позитивен на Ковид-19.
Во насока на следење на препораките за заштита при работа од корона вирусот, последниве неколку недели Канал 5 донесе одлука да сите вработени кои можат да го изведуваат работниот процес од дома, тоа и да го прават.
Нашата компанија во соработка со Министерството за здравство ќе ги превземе сите чекори за брзо надминување на оваа несреќна здравствена состојба и благовремено ќе ја известува јавноста за сите новонастани моменти.
На нашиот колега Гоце Михајлоски му посакуваме да се опорави што е можно побрзо
Ниту тој сакал да биде заразен со Ковид-19, а уште помалку тој да биде трансмитерот и евентуално да зарази трети лица.