Двајца починати, како последица на компликации предизвикани од заразата со корона вирусот и 48 детектирани ново заразени. Тоа се неофицијалните информации за состојбата со Ковид 19 во Македонија во последните 24 часа.

Според Ал сат, едниот починат е од Скопје, другиот од Струга. нема информации дали и каде биле хоспитализирани.

Вкупниот број на починати, сега, изнесува 32 или 16 лица на еден милион жители.

Вкупниот број на потврдено позитивни на вирусот е 711 лица или 355 лица на еден милион жители.