По информациите дека лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имале интервју со новинар кој заболен од коронавирусот и оти и двајцата се во самоизолација, од двете партии за МИА информираат дека лицата кои биле во секојдневен контакт со нив ги преземаат сите препораки на здравствените власти.

И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ нема информации колкумина од нивните блиски опкружувања се во самоизолација или се веќе тестирани, туку само се нагласува дека се преземаат сите превентивни мерки.

Од СДСМ наведуваат дека се се уште во очекување на резултатите од тестот за коронавирусот за лидерот Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, потврдуваат дека лица со кои лидерот на партијата Мицкоски бил во секојдневна комуникација се веќе тестирани и оти нивните тестови се негативни.

-Се преземаат сите превентивни мерки и сите кои биле во секојдневна комуниакција се тестираа и нивните резултати се негативни. Се почитуваат сите здравствени превентивни мерки, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.