Секој ден во полицискиот билтен има пријави за нападнати и искасани граѓани од кучиња скитници низ Македонија.
На 10.04.2020 во 11.50 часот во Полициска станица Центар, А.С.Б.(49) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во близина на „МЕПСО“ на ул.„Кеј 13 Ноември“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
На 10.04.2020 во 15.35 часот во Полициска станица Кичево, Д.П.(41) од Кичево пријавил дека на ул.„Влашки пат“ во Кичево неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.