Раководството на Арсенал најде начин да ги стимулира играчите за силни настапи до крајот на сезоната, кога таа ќе се обнови. Речиси сите клубови од Премиер лигата прибегнаа кон намалување на платите на играчите, поради финансиските последици од коронавирусот, но „топчиите“ може да избегнат слично сценарио. Сепак, од нив се бара да се квалификуваат во Лигата на шампионите.
Играчите веќе се запознаени со предлогот, информира „Телеграф“. Не се споменува нивната реакција, но со оглед на ситуацијата, тие можеби го ценеле гестот на нивните шефови.
Арсенал троши 260 милиони долари годишно за плати. Ако тимот не се избори оваа сезона да учествува во Лигата на шампионите, тоа може да доведе до сериозни економски загуби, што не може а да не влијае на играчите.
Во пласманот, екипата од Северен Лондон е на 9-то место, заостанувајќи со 8 бода од 4-тиот Челси и 5 од 5-тиот Манчестер Јунајтед.
Сепак, „топџиите“ имаат натпревар помалку .