Една од најдобрите работи кои можете да ги правите во самоизолација е разгледување на стари фотографии кои ќе ви разбудат убави спомени.
Токму тоа го направи и нашата позната пејачка Каролина Гочева, која на својот профил на Инстаграм објави досега необјавени приватни фотографии.
Станува збор за семејнуиот одмор од минатата година на грчкиот остров Родос. На фотките може да ги видиме мајката, сестрата и внуката на познатата пејачка, кои ретко ги покажува во јавноста.
Популарната пејачка напиша и емотивен коментар во описот на фотографиите:
-Деновиве сите се навраќаме на некои убави моменти со надеж дека наскоро ќе можеме да создаваме нови спомени и незаборавни дружби. А ова ми беа незаборавни 7 дена со моите најсакани кои деновиве мноогу ми недостасуваат, стои во постот на пејачката.