Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, објави „Франс Фудбал“.
Во Реал Мадрид веруваат дека Обамејанг може да го замени Карим Бензема.
Договорот на 30-годишниот Габонец со лондонскиот клуб е со важност до ова лето. Арсенал ќе го задржи фудбалерот само во случај на значително зголемување на платата. Претходно беше објавено дека тој не е задоволен од неговата позиција во клубот.
Во сезоната 2019/20, Обамејанг постигнаа 20 голови и забележа една асистенција на 32 натпревари за Арсенал.