Времето во Македонија претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од четири до 16 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 14 степени.