Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс го прокоментира претставувањето на Пол Погба во дресот на „црвените ѓаволи“.

Французинот беше вратен од Јувентус на „Олд Трафорд“ за сума од 105 милиони евра и очекувањата за него беа доста големи. Засега, сепак, тој не може да ги оправда. Според Скоулс, играчот од средниот ред мора да најде постојаност во неговите настапи.

– Пол мора да најде постојаност во играта. Ако се погледне неговата презентација, еднаш прави силен натпревар, а следната недела не е на ниво. Дури може да се каже дека се презентира на ниво еднаш на три-четири натпревари. Ако сакаш да бидеш шампион, тоа не е доволно, едноставно не е доволно, смета легендата на Јунајтед.

Тој смета дека Светскиот шампион со Франција од последниот Мундијал треба да се претвори во оној играч, кој беше во Јувентус.

– Тогаш за него имаше важна предност, бидејќи секоја недела знаеше на која позиција ќе игра и кои играчи ќе бидат до него. Тоа е проблем во Јунајтед, каде што ретко се случува истите 11 да излезат во два последователни натпревара. Тоа очигледно му пречи. Инаку нема сомневање дека момчето има голем талент, кој го демонстрираше и на светското првенство. Тој е многу силен фудбалер, многу е здрав физички, може да трча, поседува одлична техника, има сè што треба. Треба само да го користи повеќе мозокот за да стане фудбалер од врвна класа, додаде Сколс.