Соопштение до јавноста-реакција на ВМРо-ДПМНЕ на изјавата на Никола Димитров
„Бидејќи за Димитров одговорноста е непозната категорија, чувствуваме должност да му го објасниме значењето на зборот лешинар кој тој го употребува. Лешинар е човек чија ќерка добива стипендија од 40 илјади евра од владата чиј таткото е министер.
Лешинар е човек кој менува партија не поради идеолошки разлики, туку кариерни побуди и се разбира лукративни мотиви.
Лешинар е човек кој во исто време кога ќе каже дека штити државни интереси истите ќе ги продава на пазар. Лешинар е човек кога ќе крие од јавноста дека и донел уште една капитулација на државата каде е министер и притоа ќе моли новинари тоа да не го објават.
Да се вратиме на темата, зошто Димитров го криеше документот со кој од нас се бара откажување од македонскиот јазик и историја како услов за продолжување на европските интеграции?
Дали чувствува вина лешинарот Димитров за тоа што донесе нов неуспех на Македонија?