Американскиoт глумец Том Хенкс, кој заедно со сопругата беа заболени од Ковид-19 и се излекуваа, стапи во контакт со дете од Австралија кое е возмнемирувано поради своето име – Корона.
Имено, откако осумгодишниот Корона де Врис му пишал дека неговите врсници го тормозат, актерот му врати со писмо и подарок – машина за пишување од марката „Корона”.
– Чув дека вие и Вашата сопруга сте заразени со коронавирусот… Добро ли сте?, му напишало момчето на Хенкс, при тоа додавајќи дека е многу ажен и гневен кога го малтретираат поради неговото име.
– Драг пријателе Корона, твоето писмо многу нѐ израдува жена ми и мене! Ти благодариме, што си толку добар пријател – пријателите прават другите да се чувстуваат добро, кога самите ним им треба помош, одговорил актерот.
Потоа Хенкс истакнува дека машината за пишување ќе му послужи на момчето за тие двајца да си ја продолжат преписката.