Станува збор за монтиран случај – за кој ќе ги превземам сите правни дејствија, изјави за Телма, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски по прес конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче и Иринка Сотирова Бухова од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
„Јасно е дека надлежните институции направија многу пропусти, прекршија низа закони, пред се, со објавување лични податоци, во овој случај. Тоа што беше објавено денеска, не е точно и за се имаме соодветна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба да биде. Ова е, повеќе од јасно, класично монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства. Ќе ги почитувам одлуките на институциите“, изјави Димитриевски.